|
IQ тестирање во недела 20 Декември во Скопје |
|
Би сакале да Ве известиме дека наредното IQ тестирање во организација на Менса Македонија ќе се оддржи во Скопје, во недела, 20 Декември 2009, во 19.00 ч. во Амфитеатарот на Електротехнички факултет - Скопје.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Менса е се она што ние ќе направиме од неа. Менса се прилагодува на потребите на своите членови. Најдобар пример за тоа се групите со специјален интерес. Ако има повеке од двајца заинтересирани може да се организираат во било која форма и да другаруваат или творат за она што тие сметаат дека е пожелно. Нема некоја граница, воопшто нема лимити, организирањето во групите е препуштено на целосна слобода на заинтересираните членови.
|
|
Повеќе...
|
|
Менса Македонија организира тестирања за прием на нови членови во Скопје и во другите градови низ Македонија најмалку еднаш во три месеци. Што е потребно да се понесе на тестирање:
|
|
Повеќе...
|
|
Што е Менса? Каква организација е Менса?
Менса е меѓународна организација основана во Оксфорд, Англија, во 1946 година, од страна на Roland Berrill, правник и Др. Lance Ware, научник и адвокат. Основната идеја била идентификување на натпросечно интелигентните луѓе од секоја нација и секоја област на човековото живеење и нивно поврзување во организација. Нивните цели биле, исто како што се и денес, да се создаде организација која ќе е непрофитна и ослободена од сите расни и религиозни поделби, и ќе делува за добробит на човештвото.
|
|
Повеќе...
|
|
|