Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели, а не претерано сериозни интелектуалци - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

 

 
Упатство за продолжување на чланарината за 2010 година

 

Почитувани членови на Менса Македонија,

Управниот одбор ја донесе следнава одлука за плаќање членарина за една или за три години:

Членовите ќе имаат можност да ја платат членарината до 31 Март 2010 и тоа: Членарината за една година (со електронска Менсадонија) ќе изнесува 200 денари и ќе важи до 31 Декември 2010.

Членарината за три години (со електронска Менсадонија) ќе изнесува 500 денари и ќе важи до 31 Декември 2012.

Доколку членот ја плати членарината по 01 Април 2010: Годишната членарина ќе изнесува 500 денари (со електронска Менсадонија), а тригодишната членарина (со електронска Менсадонија) ќе биде 1250 денари. Eдногодишната членарина ќе важи до 31 Декември 2010, а тригодишната до 31 Декември 2012.

Повеќе...
 
Здружете се и дружете се

 

Менса е се она што ние ќе направиме од неа. Менса се прилагодува на потребите на своите членови. Најдобар пример за тоа се групите со специјален интерес. Ако има повеке од двајца заинтересирани може да се организираат во било која форма и да другаруваат или творат за она што тие сметаат дека е пожелно. Организирањето во групите е препуштено на целосна слобода на заинтересираните членови.

 

Повеќе...
 
Тригодишник има IQ како Бил Клинтон

 

Вилијам Потер од Стафордшир во Велика Британија стана еден од најмладите членови на Менса. Тој има само три години, а веќе успешно решава математички равенки, учи кинески и шпански, а најмногу сака да ги чита автокартите додека се вози со своите мајка и татко.

 

Повеќе...
 

Што е Менса? Каква организација е Менса?

 

Менса е меѓународна организација основана во Оксфорд, Англија, во 1946 година, од страна на Roland Berrill, правник и Др. Lance Ware, научник и адвокат. Основната идеја била идентификување на натпросечно интелигентните луѓе од секоја нација и секоја област на човековото живеење и нивно поврзување во организација. Нивните цели биле, исто како што се и денес, да се создаде организација која ќе е непрофитна и ослободена од сите расни и религиозни поделби, и ќе делува за добробит на човештвото.

 

Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
« ПочетокПред12СледноКрај »

Страница 1 од 2

Анкета

Како ви се допаѓа нашиот нов веб сајт?
 

Две годишната Марвел-156 IQ