Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Покана за Менса средба за добростоечки членови PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Четврток, 26 Февруари 2015 10:14

Почитувани добростоечки членови,

ве покануваме на неформална Менса средба која ќе се одржи на 28.2.2015 (сабота) во Скопје, во кафе-книжарницата Магор со почеток во 12 часот. Средбата ќе ја искористиме да ги додeлиме новите членски картички, како и меѓусебно да се запознаеме, да се дружиме и да размениме идеи и ставови. Исто така, на средбата ќе ве информираме за тековни активности на Менса Македонија и Mensa International. Поканети се сите добростоечки членови, но и сите оние кои сакаат да ја обноват членарината за 2015 година.

Со почит,
Привремен управен одбор

 

Последно освежено на Четврток, 26 Февруари 2015 10:21
 
Ажурирање на базата со податоци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Вторник, 27 Јануари 2015 14:24

Менса Македонија врши генерално ажурирање на податоците во нашата база со податоци. Голем дел од некогашните членови и оние кои некогаш го исполниле условот за членување во Менса Македонија имаат застарени податоци и не сме во можност да контактираме со нив. Упатуваме повик до сите нив кои подолг период не добиваат никакви известувања од Менса Македонија да нè контактираат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и да ни достават лични контакт податоци (електронска пошта, адреса на живеење и телефонски број).

 

Наша цел е заживување на членството и реанимирање на организацијата. Изминатиов период се случија големи организациски и структурни промени, а пред нас се избори за ново раководство. Сите кои сакаат да бидат дел од промените и да придонесат за динамична, активна и силна Менса Македонија, ги повикуваме да нè контактираат. Упатството за обновување на членарината се наоѓа на веб-страницата www.mensa.org.mk, а ќе биде доставено и на ажурираните електронски пошти.

 

Исто така, ги повикуваме сите добростоечки членови кои имаат контакт со некогашни членови или познаваат лица кои го успешно го положиле Менса тестот, да се вклучат во акцијата и да го пренесат повикот до сите заинтересирани.

 

Сите заедно да изградиме подобра и посилна Менса Македонија!

 

Со почит,

Привремен управен одбор

Адријан Божиновски

Ненад Мицов

Дмитриј Вангелов

Божидар Кочоски

Последно освежено на Вторник, 27 Јануари 2015 16:00
 
Тестирање- Менса Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 29 Септември 2014 20:31

Почитувани членови,

Ве известувам дека во текот на месец октомври ќе се одржат четири тестирања за нови членови, во секоја недела од месецот. Распоредот е:

05.10. Скопје, Амфитеатарот на ФЕИТ, почеток во 12:00 часот;
12.10. Штип, Зградата на Општина Штип, почеток во 12:00 часот (поддржано од Советот на млади Штип);
19.10. Велес, Зградата на Општина Велес, почеток во 12:00 часот;
26.10. Прилеп, Зградата на Општина Прилеп, почеток во 12:00 часот;

Сите овие тестирања ќе бидат бесплатни.


Со почит,
Адријан Божиновски
Претседател на Привремениот Управен Одбор на Менса Македонија

Последно освежено на Среда, 24 Декември 2014 11:39
 
Среќна Нова 2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Вторник, 23 Декември 2014 21:13

Почитувани членови,

Завршува 2014-та, година полна со промени. Дојде до промена во раководството на

Менса Македонија и беше назначен четиричлен Привремен Управен Одбор.

Се отвори адреса за електронска пошта за контакт со Менса Македонија, имено

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Продолжи да се издава Менсадонија, вклучувајќи статии

од Mensa International. Се реактивираше постоечката мејинг листата,

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , на којашто можете повторно двострано да

комуницирате. Се направија повторно тестирања и тоа во четири градови низ

Македонија, на коишто имаше добар одѕив и резултати.

 

За сето тоа време, ви благодариме што стоевте зад нас и што ни помогнавте во

остварувањето на овие цели. Радува тоа што ентузијазмот за Менса Македонија сѐ уште

постои и што таа и понатаму има потенцијал за раст и развој. Особено радува тоа што

се зголеми бројот на добростоечки членови за 20%, коишто сакаат да ја продлабочат

комуникацијата со и низ Менса Македонија. На нив останува иднината на организацијата.

 

Во 2015, остануваат целите што беа зацртани во координација со Mensa International:

да се ажурира Статутот на Менса Македонија, во согласност со Законот за здруженија и

фондации на Република Македонија, како и барањата од Mensa International. Тој Статут

ќе биде пратен на гласање до сите вас, при што неговото усвојување ќе овозможи да се

одржат избори, под покровителство на Mensa International, за нов Управен Одбор, којшто

ќе ја преземе надлежноста врз организацијата. За таа цел, повторно ќе ве замолиме за

поддршка и помош, за да продолжиме во оваа насока и целосно да ја ревитализираме

Менса Македонија.

 

Исто така на следниот линк се наоѓа упатство за продолжување на членарината за една

или за три години.

УПАТСТВО за продолжување на членарина во Менса Македонија за 2015 година

 

Ви посакуваме Среќна Нова 2015, среќни празници, многу здравје, среќа, успеси и

интелигентно поминато време.

 

Привремен управен одбор на Менса Македонија
Адријан Божиновски
Ненад Мицов
Дмитриј Вангелов
Божидар Кочоски

 

Последно освежено на Среда, 24 Декември 2014 11:17
Повеќе...
 
Новости поврзани со Тестирања PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Недела, 17 Август 2014 20:31

Почитувани членови,

Mensa International во соработка со Kaspersky организираат тестирање на мозочните капацитети, со помош, меѓу другото, и на тестови подготвени од самата Mensa International. Ова е прилика да ги проверите вашите способности, при што може да освоите и награди на денот на вистинското тестирање, 6-ти септември.
За повеќе, одете на http://www.globalthinktest.com/
Последно освежено на Недела, 17 Август 2014 20:36
 
« ПочетокПред1234СледноКрај »

Страница 3 од 4

Две годишната Марвел-156 IQ

Тест за вежба