Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Членарина за 2014 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Четврток, 08 Мај 2014 18:39

Почитувани членови на Менса Македонија,

Привремениот Управен одбор на Менса Македонија назначен од Mensa International, ја донесе следнава одлука за плаќање членарина која ќе важи до 31 декември 2014 година:

Членовите ќе имаат можност да платат членарина за една година (тековната 2014) во износ од 200 денари и ќе важи до 31 декември 2014 и членарина за три години во износ од 400 денари и ќе важи до 31 декември 2016.

Членовите го губат статусот на добростоечки членови до денот на уплата во тековната година, затоа во ваш интерес е да ја регулирате членарината што поскоро. Членовите со уплатена/регулирана членарина ги имаат сите права и обврски кои ги следуваат добростоечките членови.

За да ја продолжите членарината потребно е:
На образец ПП10 да го уплатите износот за една година, или за три
години, на име:
- членарина за една година (три години)
- Назив на примачот: Менса Македонија
- Сметка: 300-0000002113-02
- Банка на примачот: Комерцијална банка А.Д. Скопје
- единствен даночен број: 4030000383962
- шифра 280
- начин 02

Уплатница скенирајте ја или фотографирајте ја и испратете ја на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , а оригиналната уплатница чувајте ја и понесете ја со вас на следната Менса средба.

За сите прашања, забелешки и коментари слободно контактирајте нè на електронската пошта  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Со почит,

членовите на привремениот Управен одбор:
Адријан Божиновски
Ненад Мицов
Дмитриј Вангелов
Божидар Кочоски

 

 

 

Последно освежено на Понеделник, 12 Мај 2014 09:11
Повеќе...
 
Менса Македонија е под банерот на Менса Интернационал PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Четврток, 03 Октомври 2013 14:03

Mensa International baner

Менса Македонија моментално е под
банерот на Менса Интернационал.
Вие како членови станувате директни членови
на Менса Интернационал под банерот на Менса Интернационал.Тоа би
значело дека доколку имате било какви проблеми треба да ги адресирате
до мене, Мартин Дејвис (Martyn Davies) како Интернационален Омбудсман.

-------
Писмото од Интернационалниот Менса омбудсман прегледајте го тука.  
Верзија на Англиски Јазик тука

Последно освежено на Четврток, 03 Октомври 2013 18:46
 

Што е Менса? Каква организација е Менса?

Менса е меѓународна организација основана во Оксфорд, Англија, во 1946 година, од страна на Roland Berrill, правник и Др. Lance Ware, научник и адвокат. Основната идеја била идентификување на натпросечно интелигентните луѓе од секоја нација и секоја област на човековото живеење и нивно поврзување во организација. Нивните цели биле, исто како што се и денес, да се создаде организација која ќе е непрофитна и ослободена од сите расни и религиозни поделби, и ќе делува за добробит на човештвото.

Повеќе...
 
Здружете се и дружете се

Менса е се она што ние ќе направиме од неа. Менса се прилагодува на потребите на своите членови. Најдобар пример за тоа се групите со специјален интерес. Ако има повеке од двајца заинтересирани може да се организираат во било која форма и да другаруваат или творат за она што тие сметаат дека е пожелно. Организирањето во групите е препуштено на целосна слобода на заинтересираните членови.

Повеќе...
 
« ПочетокПред1234СледноКрај »

Страница 4 од 4

Две годишната Марвел-156 IQ

Тест за вежба