Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Информација за локација за Собранието на ММ на 20.12.2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Среда, 16 Декември 2015 21:17

Почитувани добростоечки членови,

ве информираме дека седницата на Собранието на Менса Македонија закажана за 20.12.2015 ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје со почеток во 14:00 часот.

Дневниот ред за седницата е достапен на мејлинг листата на добростоечки членови на Менса Македонија. Поканети се сите добростоечки членови да присуствуваат и активно да се вклучат во седницата.

Привремен управен одбор на Менса Македонија

Последно освежено на Среда, 16 Декември 2015 21:22
 
Тестирање - Менса Македонија 19.12.2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 07 Декември 2015 20:45

Организацијата на луѓе со натпросечна интелигенција Менса Македонија, по повод својот 16 роденден организира бесплатно тестирање за интелигенција.

Тестирањето ќе се одржи на 19 декември во Амфитеатарот на Медицински факултет (кај Неврофизиологија) во Скопје со почеток во 12 часот. За тестирањето не е потребно пријавување, а единствен услов за тестирање е да имате наполнети 16 години.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и во Mensa International®.

Повеќе информации за Менса Македонија и Mensa International® можете да најдете на официјалните веб-страници mensa.org.mk и mensa.org, соодветно. Доколку имате останати прашања слободно обратете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Последно освежено на Понеделник, 07 Декември 2015 20:48
 
Избори Mensa International 2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Сабота, 11 Април 2015 12:40

Почитувани добростоечки членови,

 

ве информираме дека во Mensa International претстојат избори. Менса Македонија како Emerging National Mensa има право да учествува на изборите и да го организира гласањето на национално ниво. Оваа година се избираат три позиции: International Chairman, International Director of Development и International Treasurer. Секој од вас како добростоечки член има право да гласа за трите позици, а материјалите и инструкциите за гласањето се испратени на мејлинг листа.

Доколку некој од добростоечките членови сè уште нема ажурирана електронска пошта, пишете ни веднаш на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Гласањето за изборите во MIL трае од 15 април до 15 мај.

 

Ги охрабруваме сите добростоечки членови активно да се вклучат во изборите во MIL и да го дадат својот глас за кандидатот кој најмногу им одговара. За било какви дополнителни прашања во врска со изборите и гласањето, контактирајте нè на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака МIL Elections 2015.

 

Привремен управен одбор

Адријан Божиновски

Ненад Мицов

Дмитриј Вангелов

Божидар Кочоски

Последно освежено на Сабота, 11 Април 2015 12:42
 
Седница на Собранието на Менса Македонија 20 декември 2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Вторник, 24 Ноември 2015 00:05

Почитувани добростоечки членови,

би сакале да ве повикаме на редовна годишна седница на Менса Македонија, којашто ќе се одржи на 20.12.2015 (недела), со почеток во 14:00 часот во Скопје. Локацијата на одржувањето на седницата ќе биде дополнително утврдена и ќе бидете навремено известени. Дневниот ред на седницата можете да го најдете на мејлинг листата на Менса Македонија за добростоечките членови заедно со повикот за седницата.

Се надеваме дека ќе се видиме во голем број!

Со почит,
Привремен Управен одбор на Менса Македонија
Адријан Божиновски
Ненад Мицов
Дмитриј Вангелов
Божидар Кочоски

 

Последно освежено на Вторник, 24 Ноември 2015 00:15
 
Одржана првата Менса средба за оваа година PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Недела, 01 Март 2015 16:05

Сабота 28.02.2014

Менса Македонија ја одржа својата прва средба за добростоечките членови за оваа година. Присутните членови на средбата имаа можност лично да си ги подигнат новите членски картички и меѓусебно да се запознаат. На настанот присуствуваа околу 30 членови кои лично се претставија, ги споделија своите интереси, зборуваа за своите професии или студии, а секако Менса средба не би била Менса средба доколку немаше интелигентни шеги и хумор.

Претставниците од Привремениот управен одбор ги запознаа присутните со тековната состојба во Менса Македонија, активностите кои следуваат и случувањата во Mensa International. Во моментот, Менса Македонија главно работи на новиот Статут, кој наскоро ќе биде готов и треба да биде одобрен од Mensa International, a веднаш потоа ќе следи постапка за негово усвојување на седница на Собранието на Менса Македонија. Штом ќе се усвои новиот Статут, ќе бидат распишани избори за ново раководство. Освен тоа, Mensa International во моментот спроведува избори на кои можат да гласаат сите добростоечки членови. Деталите за гласањато ќе бидат објавени во следното издание на билтенот Менсадонија.

Средбата која се одржа во кафе-книжарницата Магор во Скопје, помина во најдобар ред и радува фактот што имаше присутни од повеќе градови од Македонија. Од ентузијазмот на присутните произлегоа многу нови пријателства, како и конструктивни предлози што, всушност, се движечката сила во Менса. Се надеваме на следните средби да бидеме во уште поголем број и заеднички да ја ревитализираме Менса Македонија.

За оние членови кои не беа во можност да дојдат и да ги подигнат членските картички, нека нè контактираат на следниве адреси:

Адријан Божиновски (за регион Скопје) – Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ненад Мицов (за регион Штип) – Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

За остантите региони ќе бидат објавени информации наскоро.


Последно освежено на Недела, 01 Март 2015 17:02
 
« ПочетокПред1234СледноКрај »

Страница 2 од 4

Две годишната Марвел-156 IQ

Тест за вежба