Добродојдовте
Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели, а не претерано сериозни интелектуалци - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.
| За Членови |
|
Менсадонија - официјална публикација на Менса Македонија
Како што Менса е нешто кое излегува од стереотипот, од нормалата, така и секој потег направен од Менсијанците е токму за да се оди кон исконскиот идеал за совршенството, но на сопствен, уникатен или, ако сакате, интелигентен пат. Во тој дух е и МЕНСАДОНИЈА, која надвор од информативните стандарди се обидува да понуди единство на идејата, посветеноста и желбата за успех. Улогата на гласило кое треба да биде отворено за членовите да го кажат својот поглед, анализа или мислење како Менсијанци, се надополнува со визијата за бројна Менса како фактор за силата на интелигенцијата. Досега се излезени повеќе изданија на Менсадонија.
|
