Добродојдовте
Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели, а не претерано сериозни интелектуалци - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.
| Тригодишник има IQ како Бил Клинтон |
|
Вилијам Потер од Стафордшир во Велика Британија стана еден од најмладите членови на Менса. Тој има само три години, а веќе успешно решава математички равенки, учи кинески и шпански, а најмногу сака да ги чита автокартите додека се вози со своите мајка и татко.
Вилијам на тестот по интелигенција освои дури 140 бодови, со што е вброен меѓу најинтелигентните личности на светот, па автоматски стана член на Менса. Со други зборови, има интелигенција како возрасниот Бил Клинтон, пишува „Дејли Меил“. Организацијата Менса одби да соопшти детали од тестот кој го решавал Вилијам, но истакнато е дека онаму каде во просек останатите остварувале 10 бодови, малиот Вилијам има 17 бодови. Вилијам, своето знаење почнал да го стекнува со неговата мајка која води продавница и помагајќи и во испраќањето на пакетите. Има само 30 членови на Менса помлади од 10 години.
|
