За нас
Менса Македонија е национална организација на граѓани со натпросечна интелигенција.
Менса Македонија е непрофитна, доброволна, независна и непартиска организација на граѓани со натпросечна интелигенција, без разлика на нивната религија, пол, националност, возраст, образование, политички убедувања и социјална положба.
Член на Менса Македонија може да биде секој кој што на надгледуван и стандарден тест за интелигенција постигнал резултат што е во горните 2% од вкупната тестирана популација и кој доброволно ќе пристапи, на покана од Менса Македонија.
Сите членови на Менса Македонија имаат еднакви права и привилегии.
Членовите на Менса Македонија се со различно културно-цивилизациско наследство и имаат различни ставови.
Во склад со тоа, Менса Македонија не застапува ниту еден од тие ставови како став на Менса Македонија, таа не смее да делува политички, ниту пак да остварува соработка со други здруженија или организации на религиозна, политичка, идеолошка или национална основа.
Години од првото тестирање и основачкото Собрание на Менса Македонија.
Тестирања со преку 5000 кандидати се организирани низ повеќе градови и локации.
Кандидати го положиле тестот и се здобиле со право да членуваат во Менса Македонија.
Добростоечки членови имаше Менса Македонија во пресрет на редовното Собрание.
Цели
Менса има три основни цели:
Идентификација и потстрек на човековата интелигенција за добробит на човештвото.
Унапредување на методите за истражување на природата, карактеристиките и користењето на интелигенцијата.
Обезбедување на стимулативни интелектуални и општествени услови за своите членови.
Активности
Социјална интеракција со интелигентни луѓе.
SIG - Групи со посебен интерес на најразлични теми и интереси во Вашиот град.
Неформални дружења, без или со повод, со пиво или кафе, и со квалитетен муабет.
Социјална мрежа базирана на Workplace, тематско дружење со менсијанци од цел свет.
Регионални и глобални собири за дружење, размена на искуства и нови можности.
Интелигенција
„Вродена умствена способност за правилно разбирање на појавите во животот, за изнаоѓање решенија.“
Извор: Дигитален речник на македонскиот јазик
Увидување на меѓусебните врски
Терминот интелигенција потекнува од латинските зборови: inter и legere во буквален превод значи „избира помеѓу“.
IQ - Коефициент на интелигенција
„IQ“ е кратенка од германскиот термин Intelligenzquotient, поим скован во 1912 од психологот William Stern.
Надареност кај деца и млади
Способност за високи достигнувања во области како што се интелектуален, креативен, уметнички или лидерски капацитет, или во одредени академски области.
Често поставувани прашања
FAQ
Кои се почетоците на Менса во Македонија?
Првите посериозни обиди за формирање на Менса Македонија започнаа во 1997 година. По Меѓународната Менса средба за Средна и Југоисточна Европа во мај 1999 членовите на Менса од Македонија донесоа одлука да се организира Менса тестирање во нашата земја.
Кога е одржано првото тестирање?
Првото Менса тестирање се одржа на 6.11.1999 година под надзор на тогашниот извршен директор на Mensa International.
Кога е основана националната Менса организација?
Основачкото Собрание на Менса Македонија се одржа на 4.12.1999 година на Филолошкиот факултет. На 11.02.2000 година Менса Македонија беше запишана во регистарот на здруженија на граѓани и фондации. На почетокот на јуни 2000 година Менса Македонија ги заврши сите законски постапки за регистрација и започна со работа.
Дали може истовремено да членувам во Менса Македонија и Mensa International?
Со стекнување на членство во Менса Македонија се здобивате со сите привилегии кои ги нуди Mensa International. Ниеден член на Менса Македонија не може истовремено да биде член на Mensa International и на Менса Македонија, ниту пак може да биде член на повеќе од една национална Менса.
Какво е делувањето на локалните групи?
Во согласност со Статутот на Менса Македонија основани се повеќе локални групи во поголемите градови. Целта на формирањето на локалните Менса групи е остварување на активностите вон Скопје, при што тие не претставуваат посебен правен субјект, туку дејствуваат во рамките на Менса Македонија.
Дали мојот коефициент на интелигенција ќе биде јавно објавен?
Менса Македонија не смее ниту внатре, ниту надвор од неа јавно да ги открие коефициентите на интелигенција на своите членови. Доколку некој член сака да го открие својот коефициент, тоа може слободно да го стори.